Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада.
Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.