Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека просечната плата од месец во месец продолжува да расте и оти економската година ги дава резултатите.

-Просечната плата од месец во месец продолжува да расте! Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари, напиша Заев во објавата на својот фејсбук профил.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2019 10:54