Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, призна дека сосема смислено не го пуштил во игра Герет Бејл при поразот од 1: 3 од Баерн Минхен.

Францускиот ментор рече дека велшкиот репрезентативец е многу близу до заминување, надевајќи се дека тоа ќе се случи многу наскоро.

– Бејл не игра затоа што е многу близу до заминување, и се надеваме дека ова ќе се случи наскоро. Така ќе биде најдобро за сите. Работиме на трансфер во нов тим. Немам ништо лично против него, но доаѓа момент кога работите треба да бидат завршени. Должен сум да ги донесам овие одлуки. Имаме потреба од промена, додаде тој.

Тој додаде и дека причината за неговото напуштање е тренерско решение, но исто така и на самиот играч.

– Бејл ја знае ситуацијата, која треба да се промени. Не можам да кажам дали за 24 или 48 часа, но тоа би било од корист за сите, заклучува Зидан.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2019 12:12