Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 ден/лит. Новата цена на дизелот од ноќеска на полноќ ќе изнесува 61,5 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,914 ден/кг со што тој ќе се продава по цена од 34,167 ден/кг.

Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2019 13:32