Сојузот на стопански комори очекува далеку поголема бројка на компании да добијат финансиска поддршка од државата. Тоа, според претседателката на ССК Данела Арсовска е очекувано со новите подобрени услови, поголемиот опфат на компании и зголемениот износ за поддршка.

-Четири илјади компнаии е опфатот, а она што го видовме во досегашната примена имаше исто така широк опфат меѓутоа беше значајно дека условите беа поинакви и малку построги од она што се имплементираше во новото законско решение, а тоа е што се зема предвид целокупната состојба на компанијата, односно не само последните три години. Наша забелешка беше на првата верзија на законот дека се построги критериумите од аспект на тоа дека се земаат предвид последните три години. Постоечките компании кои беа екстра успешни 15 години, но ја немаа истата успешност во последните три години не можеа да ги исполнат усвлоите. Затоа верувам дека оваа бројка ќе биде далеку поголема, отколку што имавме во првото решение од минатата година, како и тоа што и опфатот на средствата кои се нудат е поголем. Така што се очекува и оние компании кои сакале, а не можеле да ги искористат средствата минатиот пат, да имаат можност бидејќи има повеќе средства, истакна Арсовска.

Таа потенцира дека дел од новините во новото законско решение се е некои од нивните барања и дека очекува и натаму да бидат поддржани решенија што евентуално би се појавиле како потреба.

-Измените во ова законско решение се во насока да се олеснат процедурите и да им се помогне на компаниите, бидејќи во реалниот сектор условите се менуваат од ден на ден и се надевам дека истата пракса ќе ја имаме и понатаму, рече Арсовска.

На компаниите, според предвиденото во Буџетот, им стојат на располагање 70 милиони евра за поддршка на инвестициите.

Министерката за странски инвестиции Зорица Апостолка истакна дека со измените на Законот се унапредува системот на поддршка на стопанството преку зголемување на офпатот на компаниите што може да аплицираат и се поедноставуваат административните процедури за аплицирање.

-Намерата е да го ослободиме потенцијалот за сериозен раст што е акумулиран во ИТ секторот, секундарното земјоделско производство, како и кај компаниите што се занимаваат со трговија, а имаат отпочанто продуктивна инвестиција во 2018 година. Се опфаќаат и градежните компании што имаат произведствена компоненета во свето работење, односно ќе бидат поддржани за набавка на машини и опрема. Дополнителна мотивација кај компаниите правиме и со олабавување на условите за аплицирање, рече Апостолска.

Таа посочи и на олеснувањата за новоформираните компании на кои им е оставен рок две години на приспособување, како и условот за вработување во кожарско-текстилната индустрија.

-Имавме сенс како Влада и во нашите планови ги разгледавме иницијативите и оние што сметавме дека се добри ги опфативме во законското решение, изјави Апостолска.

Таа им порача на компаниите дека може да користат и средства преку Агенцијата за вработување, за квалификации на вработените, со оглед на тоа што се соочуваат со проблем со наоѓање квалификувана работна сила.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 13:14