Од Фејсбук соопштија дека се согласиле да ја платат казната од пет милијарди долари во врска со скандалот околу компанијата Кембриџ аналитика.

Тоа е најголемата парична казна во светот заради недозволено користење лични податоци.

Во соопштение од американската Трговска комора се нагласува дека социјалната мрежа е задолжена да ги подобри налчините за заштита на личните податоци. Комората бара од ФБ да сигнализира за инциденти поврзани со информации на 500 или повеќе корисници. Компанијата ќе треба да ги решава проблемите и да документира за тие сигнали во рок од 30 денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 15:52