Европскиот клупски шампион, Ливерпул одигра 2:2 со Спортинг (Лисабон) во својот трет и последен натпревар на претсезонската турнеја во САД. Тимот на Јирген Клоп изгуби 2:3 од Борусија (Дортмунд) и 1:2 од Севиља во нивните претходни контролни на американска територија.

Симон Мињоле направи груба грешка за водството на Спортинг, но потоа имаше неколку многу добри интервенции. Јирген Клоп објави пушти силен состав со Алекс Окслеид-Чемберлен, Дивок Ориги и Жоржињо Вајналдум. Последните двајца постигнаа голови за тимот од Мерсисајд.

Вреди да се спомне само дебито за „црвените“ на 17-годишниот Сеп ван ден Берг.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 11:18