Иако од Пари Сен Жермен поставија краен рок за договор за трансфер на Нејмар во Барселона, Каталонците дејствуваат претпазливо, но самоуверено. Весникот „Спорт“ објави дека едвај на 24-ти јули, една недела пред крајниот рок што го поставил ПСЖ, се случил првиот контакт на највисоко ниво меѓу лидерите на двата клуба.

На состанокот присуствувале претседателите на шпанските и француските шампиони, односно Пеп Марија Бартомеу и Насер ал-Хелафи. Тоа било за прв пат официјална потврда за интерес на „блаугранас“ за Нејмар и шефот објавил дека би сакал да биде првиот, со кој ќе бидат водени разговори, ако ПСЖ одлучи официјално да го продава својот најскап играч.

Иако се чини дека е мал чекор, тоа е всушност огромен, бидејќи двата клуба веќе долго време се во студена војна, а досега нивните лидери никогаш немале официјален состанок, дури и при остварување на трансфери. Досега, контакти секогаш биле преку овластени посредници.

Токму преку таков посредник од шпанскиот клуб ја тестираа ситуацијата околу Нејмар со првата неофицијална понуда минатата недела, која вклучуваше преминувањето на Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ на „Парк де Пренс“, како и додаток од 40 милиони евра. Таа беше отфрлена од Ал-Хелаифи, кој побарал 300 милиони евра за Јужноамериканецот.

Ова топење на мразот меѓу двата клуба се смета за позитивен чекор за евентуалниот трансфер на Нејмар, а Барса е решена да дејствува по евентуален договор до 2 септември, кога ќе го затвори пазарот во Примера, а не само до 31 јули, терминот на трансакцијата што ја навеле парижаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 13:43