Медицинска сестра на дијализа во Штип била нападната од пациент. Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова настанот е пријавен вчера во 15 часот во полициската станица во Штип.

-В.Б. (57) од Штип пријавила дека истиот ден околу седум часот, додека била на работно место, била физички нападната од 55-годишниот А.Е. одШтип. Се работи на расчистување на случајот, вели Панајотова.

Таа додава дека нотирана е и уште една измама со огревно дрво, но овој пат во светиниколското село Ерџелија

-Во полициската станица Свети Николе било пријавено дека непознато лице со намера да се стекне со противправна имотна корист отишло водомот на З.М и Д.М. од село Ерџелија и ги довел во заблуда со лажно прикажување на факти дека продава огревни дрва, вели Панајотова.

Измамникот од ова светниколоско семејство зел 10.000 денари и заминал, откако увиделе дека станува збор за измама случајот го пријавиле во Полициската станица во Свети Николе. Инаку во рок од седум месеци ова е седма по ред измама на граѓани при купување на огревни дрва во општините од источниот регион, коишто се во надлежност на СВР-Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 15:06