Во мај годинава во земјава вкупно се потрошени 574.640 мегават часови електрична енергија, 4,284 милиони нормални кубни метри природен гас, 463.563 тони јаглен и 87.821 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 72,5 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 94,5 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 16:00