Корисниците на картички на Комерцијална банка денеска може да вршат трансакции во трговија и на најголем дел од банкоматите на Банката.

Од Банката соопштуваат дека наскоро ќе бидат во функција сите банкомати на Комерцијална банка.

-Активностите поврзани со функционирањето на останаатите сервиси се во тек за што дополнително ќе ве известиме, стои во соопштението.

Поради технички проблеми од вчера попладне не беа во функција банкоматите на Банката и корисниците на картичките не може да вршат плаќања во трговијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2019 14:12