Фудбалската федерација на Македонија преку ждрепка ги одреди паровите за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, која почнува во август.
Во првото коло шампионот „Шкендија“ во Струмица ќе се соочи со „Академија Пандев“, додека „Вардар“ ќе игра како домаќин со „Македонија ЃП.“. Новајлиите „Струга“ и „Борец“ ги чекаат дуели со „Работнички“, односно „Шкупи“. „Силекс“ гостува во Тетово против „Ренова“.
Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе се емитува на тв-екраните, а правата за емитување и имаат јавниот национален сервис МТВ и „Арена Спорт“.
-Би сакал јавно да се заблагодарам на јавниот сервис за договорот што го направивме за продажба на ТВ-правата. Вие, како клубови, сте главниот столб на оваа федерација. Со директните преноси на МТВ и регионалната Спорт Арена клубовите добиваат голема можност за промоција, а со договорот сите се ослободени од плаќање котизација, истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски додаде дека пласирањето на 1МФЛ на телевизија не е едноставен процес, и дека Федерацијата и клубовите треба да работат заедно за да подобрат сите услови и критериуми што се потребни, за кога ќе заврши овој да се склучи нов договор.