Новиот член на Реал Мадрид Еден Азар, се наоѓа на насловната страна на изданието ФИФА 20.
Од друга страна, пак, кога станува збор за изданието на Лига на шампиони, на неговата наслова страница се наоѓа играчот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.
Најпопуларната симулација на фудбалот во светот ФИФА, чии копии се продаваат и на милионски тиражи треба да имаат и трето заштитно лице кое засега не е откриено.
Љубителите на оваа игра со нетрпение очекуваат да дознаат кој ќе биде заштитното лице на најскапото издание, односно Ултимејт изданието.