Денеска се изведува финалното асфалтирање на коловозот на улицата Лазар Личеноски, а во наредните неколку денови ќе се изврши и целосната санација на пешачките патеки.
Со ова ќе заврши првата фаза од проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеновски. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри и поставување на нов асфалт со површина од 4.565 квадратни метри. Дополнително на оваа улица ќе се асфалтираат тротоарите и ќе се постават нови бетонски рабници.
За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 10,6 милиони денари со пресметан ДДВ.
Во финална фаза влегува и проектот за реконструкција на дел од булеварот Партизански одреди, на потег од мостот Обединети нации до бул. 8 Септември во должина од два километри. На оваа делница останува да се асфалтира уште една делница, по што остануваа поставувањето на хоризонталната и вертикална сообраќајна сигнализација.