Градот Скопје реагира на информацијата до медиумите пласирана од страна организацијата „Еко-Свест“, во која се тврди дека Акциониот план за Скопје зелен град (GCAP) се изработува нетранспарентно и без учество на граѓанскиот сектор.

Сакаме да ја информираме јавноста дека изработката на овој проект е целосно отворен и транспарентен и истиот се изработува во соработка со невладиниот сектор.

Градот Скопје во месец март 2019 година започна со спроведување на едногодишен проект за поддршка на развојот на Акциониот план за Скопје зелен град (GCAP). Проектот е финансиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Акцискиот план Скопје - Зелен град претставува дел од Програмата на Зелените градови на ЕБOР и е насочен кон решавање на бројни урбанистички и еколошки предизвици.

Во рамките на проектот, досега се одржани две работилници, едната во март и другата во јули на која уредно се поканети сите засегнати страни во Градот Скопје кои можат да дадат придонес во утврдување на еколошките предизвици во Градот и креирањето на стратешки активности и интервенции за ублажување на овие предизвици.

На воведната работилница, одржана на 27 март 2019 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, на која присуствуваа околу 100 учесници, вклучително и поголем број на претставници на медиумите и граѓанските организации.

Најодговорно тврдиме дека процесот е транспарентен и во прилог на изработката на Акцискиот план е да бидат вклучени засегнатите страни, односно институции и граѓански организации кои се активни на полето на заштита на животна средина. Напоменуваме дека процесот не е затворен, туку напротив во секоја фаза има можност за вклучување на сите заинтересирани страни.

Граѓанската организација „Еко –Свест“ беше поканета и на двете работилници коишто беа организирани, а тоа може да се види и на двете фотографии (принт скрин) од испратените покани за нивно учество.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 02:53