Поради уличен дефект на улица „Јани Лукровски“ 8 и 10 во населба Автокоманда, утре ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од високата зона во населба Автокоманда, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 до 15:30 часот.