Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставници од Министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација. На состанокот пред банкарите беше презентиран новиот Закон за практиканство, што е во сила од крајот на минатата година и можноста за негова примена во банкарскиот сектор.
– На иницијатива на стопанските комори направивме законска рамка со којашто се дава простор компаниите да ангажираат невработени лица на практична работа. На овој начин ја зголемуваме вработливоста на младите лица, но и можноста за избор на квалитетен кадар, рече министерката Царовска на состанокот.
Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација рече дека Законот дава можност за опфаќање и на среднистите за дел од работните места со кои во моментот банкарскиот сектор се соочува со недостиг како што е ИТ кадарот.
Со Законот за практиканство се дава можност за работно ангажирање на сите лица кои не се во работен однос, а имаат завршено најмалку основно образование и се на возраст до 34 години.
Законот овозможува платена практична работа во траење од 6 месеци. Во првите три практикантите добиваат добива надосместок од околу 5.000 денари, а во следните три месеци надоместокот е во висина на минимална плата.