[photo]
Денес, во просториите на Народната банка се одржа редовната, седма седница на Комитетот за финансиската стабилност.
Комитетот го сочинуваат гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерката за финансии, Елези, како и десет високи претставници од двете институции. На седницата на Комитетот се разгледаа прашања коишто се од значење за финансиската стабилност на земјата.
Врз основа на последниот Извештај за финансиската стабилност во Република Македонија во 2018 година, којшто беше усвоен од страна на Советот на НБРСМ на 25 јули 2019 година, се заклучи дека финансиската стабилност се задржа во 2018 година, при истовремено продлабочување на нивото на финансиско посредување. Финансиските институции функционираа во релативно поволен домашен амбиент, а ризиците од меѓународното окружување имаа ограничено влијание