Триесет и петгодишен светиниколец починал синоќа во Охрид од повреди добиени од удар со главата во камен.

Како што соопшти МВР, вчеравечер во 20 часот било пријавено дека на плажата Лагадин во Охрид Д.Л.(35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен што бил во водата.

При транспорт во болница од здобиените повреди Д.Л. починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 11:09