Луѓето кои јадат црно чоколадо се помалку депресивни од другите, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Канада.

Со истражувањето биле испитани над 13.000 луѓе при што е утврдено дека лицата кои јаделе црно чоколадо имале помалку проблеми со депресијата. Додека лицата кои јаделе млечно или бело чоколадо немала таков резултат.

Испитаниците кои јаделе црно чоколадо подолго од два дена имале за 70 отсто помали шанси да добијат симптоми на депресија. Додека лицата кои конзумирале какво било чоколадо имале за 58 отсто помалку изразени симптоми на депресија во споредба со тие што воопшто не јаделе чоколадо.

Чоколадото содржи прилично психоактивни состојки, меѓу кои и два вида анандамин, кои предизвикуваат еуфорија слична како и канабисот. Црното чоколадо содржи и голем број антиоксиданси кои ги намалуваат инфламаторни процеси во телото, за кои голем број научници веруваат дека ја предизвикуваат депресијата.

Чоколадото содржи и фенилетиламин, неуромодулатор за кој се претпоставува дека е важен регулацијата на расположението.

Истражувањето покажало дека ризикот од депресија се зголемува и со пушењето цигари.

Над 300 милиони луѓе во светот страдаат од депресија. Дополнително треба да се утврди дали црното чоколадо штити од депресија или го намалува ефектот на депресија кај конзументите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 16:53