Во македонската престолнина Скопје денес почнува Светското првенство за ракометари до 19 години кое трае до 18 август. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.

Македонија е во Ц-групата заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.

„Црвено-жолтите“ првиот натпревар ќе го имаат вечер со почеток во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2019 11:28