Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар ќе се бори за трофејот на турнирот во Требиње. „Црвено-црните“ по двете победи остварени вчера против Борац Бања Лука, 34:30 и домаќинот Леотар 38:18 се пласираа во финалето на турнирот во Босна и Херцеговина.

Вардарци се фаворити на овој турнир кој ќе го искористат за подигање на физичката кондиција и на воигрувањето на новите играчи за време на летните подготовки.

Денес Вардар е слободен, а утре од 17 часот во финалето ќе игра финале со најдобриот од другата група, каде се Изола, Металопластика и Извиѓач.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2019 11:29