Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека има намера да ги искористи Хамес Родригез и Герет Бејл, и покрај гласините за нивно заминување од тимот.

– Хамес и Бејл се играчи на Реал. И двајцата се во моите планови, но сè може да се промени. Како тренер за Реал Мадрид, морам да сметам на нив. Хамес сè уште не е во составот, но тоа би можело да се промени до затворање на трансфер прозорецот.

Велшанецот Герет Бејл минатата сезона не беше стандарден, додека Колумбиецот Родригез беше на позајмица во Баерн Минхен.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2019 15:12