Екипите на Градот Скопје денеска ја започнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.
- Градот Скопје денеска започнува целосна и темелна реконструкцијана булеварот Крсте Петков Мисирков на потегот од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар, во должина од 1.350 метри во двете насоки. На одредени места со цел да се добие поквалитетна сообраќајница ќе се изврши и подобрување на подлогата со тампонски слој. Во наредните 30 денови ќе изработиме една квалитетна инфраструктура којашто е сериозно оштетена во овој дел на градот – изјави Шилегов.
Тој додаде дека Градот Скопје во изминатиов период парите на скопјани, парите на граѓаните, ги троши за вистински приоритети на нашиот град и во таа смила се врши целосна и темелна реконструкција на инфраструктурата.
- Вредноста на овој проект е околу 20 милиони денари, што е значително помала сума од они кшто во минатото Градот ги плаќал за вакви услуги. Кажував во текот на првата година од мојот мандат дека ја спремаме стратегијата на нашиот град и годинава тоа граѓаните може да го видат. Нема да запреме до крајот на мандатот. Ги решаваме вистинските потреби, вистинските приоритети на Скопје и скопјани, а средствата што ги употребуваме се употребуваат за навистина Градот да го направиме едно поубаво и побезбедно, односно европско место за живеење - истакна Шилегов.
Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.
Со почит, Град Скопје