Kадетската репрезентација на Македонија ја совлада Аргентина со 26-29 (8-15) и заврши на 13-тото место на Светското ракометно првенство (СП) кое се игра во Скопје.

„Жолто-црвените“ имаа водство во текот на целиот натпревар и дојдоа до рутинска победа, со што делумно се реваншираа за поразот на отворањето на првенството.

Најдобар кај нашиот национален тим беше Симоноски со 9 гола, а Младеновиќ помогна со 6, додека кај „гаучосите“, Гарсија заврши со 5 погодока.

Кадетите на Македонија го завршија својот прв настап на СП. Тие групата ја завршија со две победи над Нигерија и Бахреин и три порази – од Аргентина, Данска и Јапонија.

Во осминафиналето бевме поразени од Португалија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2019 22:22