Корисниците лоцирани на улицата „1640“, Инџиково и хотел „Белви“ денеска од 9 часот ќе бидат без вода.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „1640“ во Хиподром 2. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.