Екипата на Борец успеа да освои бод во пресметката со најтрофејниот македонски клуб Вардар откако ремизираа со резултат 0:0. „Црвено-црните“ немаа свој ден, а домаќините играа и со играч помалку, по исклучувањето на Петров во 75-тата минута од средбата. Во првото коло, вардарци загубија од Македонија Ѓ.П. со 2:0.

Актуелниот шампион, Шкендија пак, претрпе нов пораз. Тетовци имаат слаб старт на новата сезона во лигата, па по поразот од Академија Пандев, денеска минимално загуби и од Силекс во Кратово каде стрелец на единствениот гол беше Дурански во 48-та минута.

Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев во дербито на второто коло ремизираа без голови, во меч без многу шанси.

Поранешниот шампион Ренова е единствениот тим со две победи по две кола, откако денеска во Тетово со 2-1 славеше против новиот прволигаш Струга Трим Љум. Селмани и Адеми беа прецизни за домаќините, додека Цветановски реализираше за тимот од Струга.

ПМФЛ, резултати од 2.коло:

Борец – Вардар 0:0 Силекс – Шкендија 1:0 Ренова – Струга Трим Љум 2:1 Македонија ЃП – Академија Пандев 0:0 Работнички – Шкупи 2:0

Табела:

Ренова 6 бода Македонија ЃП 4 Академија Пандев 4 Работнички 3 Струга ТЉ 3 Шкупи 3 Силекс 3 Вардар 1 Борец 1.вз Шкендија 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2019 10:12