Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „The Sun“.
Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа напаѓачот како замена за Роберт Левандовски.
Оваа сезона Нуњез одигра 52 натпревари, постигна 18 голови и 13 асистенции.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра