Заменик-министерката за финансии Ширет Елези очекува ребалансот на Буџетот да биде готов најдоцна до крајот на септември или почетокот на октомври.

Во изјава за медиумите, заменик-министерката Елези рече дека во тек е фазата на преоценување на сите стапки од приходната и расходната страна на Буџетот.

– Ребалансот на Буџетот е редовна пракса што се случува во текот на фискалната година. Се прави преоценување на сите стапки во расходната и приходната страна. Веќе сме во фаза на анализа во овој дел. Ребалансот на Буџетот ќе се лансира најдоцна во последната недела од септември или почетокот на октомври, истакна Елези, одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на договорите со 11 општини за грант средства и заеми преку Проектот за подобрување на општинските услуги.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 13:39