Почнати се активности за реконструкцијата на покривот на училиштето „Владо Тасевски“, во населбата Козле во општина Карпош. Во оваа образовна установа целосно ќе се промени и подот во спортската сала, изјави денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Локалната самоуправа во текот на летниот распуст санираше дел од покривот на „Јан Амос Коменски“, како и неколку училници. Дополнително, најави Богоев, ќе се реконструираат и тоалетите во „Војдан Чернодрински“ и во „Аврам Писевски“. Во „Братство“ претстои санација на покривот и промена на прозорците. Се уредуваат и неколку училници во „Христијан Тодоровски Карпош“. Исто така, ќе се санира покривот и ќе се променат прозориците во „Вера Циривири Трена“. Во „Димо Хаџи Димов“, во Влае, ќе се реконструираат тоалетите во спортската сала, информираше Богоев.

Дел од реконструкциите веќе се во тек. Ќе продолжат и на почетокот на учебната година, за време на викендите или по завршување на наставата, со што ќе нема никаков прекин на наставата, информира Општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 15:29