Македонскиор ракометен репрезентативец, Филип Талески повеќе не е член на Рајн Некар Левен, откако го раскина договорот со поранешниот шампион на Германија.

Од досегашниот негов клуб соопштија дека бекот ќе остане во Бундес-лигата, откако ги договори условите за соработка со екипата на Балинген.

– Благодариме Филип. Постигнат е договор за ослободување на Филип Талески од договорот според кој требаше да остане во клубот до 30 јуни 2021 година. Македонецот ќе игра во новиот прволигаш Балинген, се вели во соопштението на Рајн Некар.

Талески пред две години премина од Металург во Рајн Некар.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 21:39