Македонската одбојкарска репрезентација вечер од 20 часот се среќава со домаќинот Босна и Херцеговина во 2.коло од Балканското првенство во кадетска конкуренција (до 17 години).

Македонија во 1.коло од А-групата ја совлада Албанија со 3:0 (25:9, 25:15, 25:16).

На овој меч се истакнаа Серафимова со 15 и Маројевиќ со 14 освоени поени.

Со евентуална победа над БиХ, македонските одбојкарки ќе направат голем прогрес кон полуфиналето.

Во последното коло, утре македонската селекција ќе се сретне со Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2019 14:03