Во скопската населба Влае денеска ќе има намален притисок на вода поради изведување водоводен приклучок ф-250мм на ул.„Сливовска" бб.
ЈП Водовод и канализација соопшти дека намален притисок на вода ќе има до завршувањето на работите кои се почнати изутринава во 09:00 часот.
Поради дефект на водоводната мрежа, без вода денеска од 11 часот ќе бидат корисниците од улиците „Карл Либнехт", „Анри Барбис" и „Темко Попов".