Општина Кисела Вода денеска додели 71 ваучер за новороденчиња, од кои 38 за женски и 33 за машки деца.
Ваучерите на семејствата им ги подели секретарот на општината, Александар Алексовски.
Од прес-службата на општината соопштуваат дека паричната помош во висина од 6.000 денари ја доделуваат со цел да им излезат во пресрет на семејствата за првичните потреби, кои имаат принова и се со адреса на живеење во територијата на оваа општина.
Заинтересираните за добивање на парична помош, во рок од 90 дена од раѓањето на детето треба да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.