Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека е подобро Русија да се има „во шаторот” отколку „надвор од шаторот“ на групата напредни индустриски економии.

Говорејќи на самитот на Г7 во Франција, Трамп изјави дека се залага за тоа да се повика Русија на самитот следната година во САД и оти се разговара за тоа.

Трамп рече дека некои земји од Г7 сакаат Русија да се покани повторно да и се приклучи на групата, додека други се против. Тој не посочи ниту една земја, но напомена дека Германија купува енергија од Русија, додека „САД помагаат во одбраната на Европа од агресијата на Москва“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 00:38