Конференција „Реформа на техничкото образование во стручните училишта во Република Северна Македонија“, со која се означува почетокот на примената на новите наставни планови и 1.040 модуларно дизајнирани наставни програми во четиригодишното средно стручно образование од учебната 2019/2020 година, ќе се одржи денеска во Скопје.
На конференцијата ќе се обратат министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорката на Центарот за стручно образование и обука Ајше Селмани и заменик – директорот на Бирото за развој на образованието Мирван Џемаили.
Конференцијата е во организација на Министерството за образование и наука со поддршка на Светска банка преку Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации. На конференцијата ќе присуствуваат и директорите на сите средни стручни училишта во земјата, како и наставници кои предаваат во стручното образование.