Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повика меѓународната заедница да преземе глобална акција за да го спречи Иран да изведува напади против Израел.

Нетанјаху на социјалните мрежи објави кратко видео во кое се наведува дека Израел „ќе се брани колку што ќе биде потребно“.

Во последните недели, Израел, наводно, ги бомбардирал групите поддржани од Иран во Либан, Сирија и Ирак, а во саботата бомбардирал место во Сирија за кое наведе дека ирански беспилотни летала се подготвуваат да го нападнат Израел.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 10:37