Рускиот воен авион, кој превезува делови од рускиот ракетен систем С-400 слета во турската воена база Муртед, близу Анкара.

Со тоа е потврдена најавата дека почнува втората фаза од испораката на ова оружје на Турција.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар вчера потврди дека цел на турската војска е да ја заштити земјата и народот од надворешниот непријател.

Во јули на Турција и беше испорачан првиот дел од ракетниот систем и покрај противењето на САД, која смета дека рускиот систем е некомпатибилен со НАТО стандардите и оти претставува закана за американската програма за борбени авиони Ф-35.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 14:07