Претставници на САД и на талибанците денеска во Доха ги продолжија преговорите во обид да ги „финализираат последните точки од договорот“, со кој ќе се овозможи повлекување на американските војници од Авганистан, изјави портпаролот на талибанците Сухаил Шахин.

Деветиот круг преговори помеѓу Американците и авганистанските бунтовници почнаа во четвртокот. Договорот предвидува повлекување на повеќе од 14.000 американски војници од Авганистан. Тоа е главното барање на талибанците, кои се обврзаа дека на територијата која ја надгледуваат нема да има „терористички“ организации.

Вашингтон се надева дека мировниот договор со талибанците ќе биде склучен на 1 септември, пред изборите во Авганистан, што се предвидени за следниот месец и пред американските претседателски избори во 2020 година.

САД и талибанците директни преговори почнаа пред две години. Вашингтон сака да го намали военото присуство во Авганистан, каде сега се распоредени 14.000 американски војници.

Договор помеѓу талибанците и САД нема да овозможи крај на војната бидејќи талибанците треба да постигнат мировен договор со Владата во Кабул.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 14:07