Франција ја предложи Силви Гулар, заменичката гувернер на Банката на Франција и поранешна европратеничка, за кандидат за комесар на ЕУ, изјави денеска француски дипломатски извор.

Според западните медиуми, таквиот потег ја покажува желбата на Владата на францускиот претседател Емануел Макрон да добие некое од најважните ресори, како на пример трговија или клима.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2019 15:58