Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди фаворитите за освојувањето на второто по сила натпреварување во Европа – ЕХФ купот, а Металург се најде меѓу нив.
Тимот од Автокоманда, кој лани настапуваше во Лигата на шампионите, е посочен за десетти фаворит за освојување на трофејот од страна на Европската куќа на ракометот.
Рајн Некар е на чело на ова рангирање, а потоа следи Нант на Кире Лазаров. Унион Берлин на поранешниот вардарец Дејан Милосављев е трет, додека четвртото е за германски Магдебург на Филип Кузмановски.
Во Топ 10 влегуваат уште Скјерн, Малзунген, Холстебро, Шамбери, Татабања и Металург.
Пелистер и Бутел Скопје, исто така, ќе ја претставуваат земјава во ова натпреварување.