Сопствениците на кучиња имаат поздраво срце од другите луѓе поради тоа што често се надвор и се поактивни.

– Луѓето што чуваат куче имаат и подобра исхрана и поретко заболуваат од дијабетис, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Универзитетската болница Света Ана.

Во истражувањето биле вклучени 2.000 возрасни лица, при што е оценувано нивното кардиоваскуларно здравје заснована на индексот на телесната маса, нивото на физичка активност, пушачкиот статус, крвниот притисок, шеќерот во крв и холестеролот. Тие се изјасниле и за финансискиот статус, историјата на болести и дали се пушачи.

Нивните резултати се рангирани со оценка од нула до 14 од сопственици на кучиња до тие што немаат милениче.

– Луѓето кои чуваат куче се физички поактивни, подобро се хранат и имаат нормален крвен притисок, како и шеќер и холестерол, изјави доктор Андреа Могери.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 61,8 отсто од сопствениците на кучиња биле во границата на средни и пожелни вредности, а само 47,7 проценти од тие што немале куче. Дури 16,4 отсто од лицата кои не се сопственици на куче имале лоша исхрана, додека процентот кај сопствениците на кучиња е 9,4.

Но, истражувањето покажало дека сопствениците на кучиња почесто се пушачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 22:05