Советот за безбедност на Обединети нации предупреди дека кршењето на прекинот на непријателствата меѓу Израел и Либан во јужниот дел на Либан „може да предизвика нов конфликт, што ниту една страна во регионот не може да си го дозволи“.

На предупредувањето му претходеше усвојување резолуција со која се продолжува мандатот на мировните сили на ОН со 10.500 припадници, познати како УНИФИЛ, до 31 август 2020 година.

Резолуцијата беше усвоена синоќа по нешто повеќе од една недела откако беспилотно летало за кое се тврди дека е израелско, паднало во упоришта на израелски Хезболах во јужен Либан, и потоа либански војници во средата пукаа врз израелски разузнавачки дронови во либанскиот воздушен простор, со што се интензивираа тензиите меѓу двете држави.

СБ апелираше до сите страни да покажат максимална воздржаност и да не преземаат какви било активности што може да го загрозат прекинот на непријателствата и да го дестабилизираат регионот.

УНИФИЛ е основан да го надгледува повлекувањето на израелските војници по инвазијата во Либан во 1978 година.

Мисијата беше проширена по војната во 2006 година меѓу Израел и екстремистите на Хезболах, за распоредување мировници долж либанско-израелската граница и да им помогне на либанската армија да ја прошират контролата врз југот на земјата за првпат по децении.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2019 12:07