Полска се согласи со САД околу локациите на нејзина територија кадешто ќе бидат распоредени дополнителни американски трупи, изјави денеска полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

– Подготвени сме да објавиме информација за тоа каде ќе бидат стационирани војниците, истакна Блашчак, без да ја наведе локацијата.

Воената спогодба меѓу Полска и САД требало да биде договорена за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, која е откажана поради ураганот Доријан, но Блашчак нагласи дека веќе е постигната согласност за некои прашања.

Полската опозиција ја обвинува владејачката Партија на право и правда дека сака да ја искористи посетата на Трамп како средство во кампањата за парламентарните избори закажани за 13 октомври.

Варшава во јуни потпиша договор за зголемување на американското присуство на своја територија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2019 13:16