Група пратеници ќе побараат дозвола од шкотскиот суд да вложи жалба против одлуката за одбивање на обидот за запирање на суспензијата на британскиот Парламент.

Ова ќе биде уште еден обид да се запре одлуката на премиерот Борис Џонсон да ја прекине работата на британскиот Парламент речиси до Брегзит, изјави портпаролката на судот, пренесена од британските медиуми.

Судот минатата недела го отфрли барањето привремено да се блокира наредбата на Џонсон за суспензија на работата на парламентот, но соопшти дека неделава сака да ги сослуша сите аргументи за тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 13:00