Италијанската полиција денеска го заплени германскиот брод за спасување мигранти „Елеонор“, што на море е заглавен веќе една недела со повеќе од 100 мигранти, соопшти портпаролот на полицијата.
Капетанот на „Елеонор“ претходно бродот го насочи да плови кон пристаништето Поцало, на Сицилија, пренесоа британските медиуми.
Италијанскиот министер за внатрешни работи во оставка, Матео Салвини, лидер на десничарската партија Лига, минатата недела ја потпиша уредбата со која на бродот „Елеонор“ му забрани да влезе во италијанските територијални води.
-Бродот е одземен, а мигрантите наскоро ќе бидат симнати од бродот, изјави портпаролот на полицијата.
Брдото плови под знамето на германската организација „Мишн Лајфлајн“.