На платото на „ Млечен“ во саботата заврши дванаесеттото по ред, карпошово културно лето. Пред голем број карпошани, последната вечер ја отворија јутјуберите „GP Steffonator“ кои со својот перформанс ја „ загреаа“ публиката пред настапот на Слаткаристика.

Омилениот на младата публика Марко Маринковиќ – Слаткар, ги крена на нозе карпошани, кои се забавуваа со неговите стари хитови, но и нови песни. По настапот на „ Слаткаристика“ , следни на сцената се појавија Александар Митевски и Драган Спасов –Дац, кои приредија вистинско музичко шоу. Кулминацијата на вечерта се случи со настапот на Дани Димитровска, која на љубителите на рок-музиката им подари извонредна забава.

Ова карпошово културно лето ќе остане запаметено како урбано, cool, и опуштено, во кое настапуваа исклучиво домашни македонски изведувачи. Забава имаше за сите, од најмалите карпошани, кои се воодушевуваа на детските претстави на „ Зеленковци“ и „ Петко 5+“, до сите генерации, љубители на различни музички жанрови и стилови. Младите Антониа Гиговска, Емилија Колоска, надополнети со искусните Мики Јовановски –Џафер, ултрапопуларната група од деведесетите „ НОКАУТ“, како и Слаткаристика и Дани Димитровска, беа одличен комбиниран избор , кои и оваа година на жителите на Општина Карпош им приредија уште едно незаборавно летно уживање.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 14:00