Силна експлозија одекна денеска во Кабул, по што во источниот дел на престолнината, во близина на областа каде се сместени меѓународни организации, се слушнале и пукотници.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека експлозијата се слушнала во источниот дел на Кабул, каде што живеат странци и каде Обединетите нации имаат неколку канцеларии.

Локалните медиуми јавија дека експлодирал автомобил – бомба.

Засега никој не ја презеде одговорноста за оваа експлозија и нема извештај за повредени.

Експлозијата одекна во момент на посетата на американски дипломат на Кабул, кој го информираше авганистанскиот претседател Ашраф Гани за нацрт-мировниот договор со талибанците, според кој илјадници американски војници треба да се повлечат од Авганистан.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 22:34