Ракометарите на Еурофарм Работник остварија победа над Спартак Москва во рамки на групата „Б“ со 34:29 (15:13) во својот деби натпревар во регионалната СЕХА лига.

Битолчани немаа најдобар почеток на средбата, откако на почетокот имаа 5 негатива (8:3), но како одминуваше времето тие се соземаа, првото водство дојде во 24-тата минута (11:10), а до крајот на првите 30 минути, разликата се искачи на +2 (15:13).

Тимот на Стевче Алушовски второто полувреме го започна многу подобро, во еден моменти имаше предност и од седум разлика, а конечниот резултат гласеше 34:29.

Стјепановиќ постигна 10 гола за Еурофарм, Митревски на голот се истакна со 10 одбрани, додека кај гостинскиот тим со 8 погодоци најпрецизен беше Деревен.

Заедно со Веспрем и ППД Загреб, битолскиот тим е на делба на првата позиција на табелата.

Еурофарм следниот натпревар во регионалната лига го игра на 23 септември, кога го пречекува тимот на Металопластика.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 23:54