Со одлука на Советот на Општина Карпош, од оваа учебна 2019/2020 година, учениците од сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа, ќе имаат можност да добиваат субвенционирана ужинка. Надоместокот кој Општината ќе го покрива, ќе биде 50 % од месечната цена за ужинка. Досегашната практика , децата од 1-5 одделение да добиваат бесплатни ужинки се напушта. На овој начин, сите карпошови ученици од 1-9 одделение имаат можност да користат субвенциониран оброк од Општината.
Ужинките ќе бидат унифицирани за сите десет основни училишта во Карпош, а исто така цената на ужинките ќе биде еднаква за сите училишта. Целта на оваа ново воведена практика е сите основци од Карпош да се научат на конзумација на здрава исхрана, бидејќи ужинките кои ќе им бидат доставени се согласно сите воспоставени стандарди за здрава исхрана, пропишани според Правилник , подговтвен од Министерството за образование и наука. Исто така, на овој начин се зголемува и безбедноста на учениците од повисоките основни одделенија, кои нема да мора да се оддалечуваат од училиштата за време на големите одмори ,одејќи по храна, и да поминуваат пофрекфентни сообраќајни улици.